„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Еднодневна специјалистичка обука на тема: СИТУАЦИОНО ЛИДЕРСТВО - ОСНОВА ЗА ПРОДУКТИВНОСТА НА КОМПАНИЈАТА

28.01.2025 - 28.02.2025 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат 28.02.2025 година (петок) 09:00-14:30 часот

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 28 февруари 2025 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема:  СИТУАЦИОНО ЛИДЕРСТВО – ОСНОВА ЗА ПРОДУКТИВНОСТА НА КОМПАНИЈАТА –

Зашто ја препорачуваме оваа обука?
• Бидејќи новите околности бараат нови лидерски пристапи;
• Личниот пристап овозможува највисока продуктивност кај соработниците;

• Само продуктивните лидери се способни да ја извлечат компанијата од криза;

• Имаме се поголема флуктација на вработени;

• Компаниите кои користат ситуационо лидерство се високо продуктивни и профитабилни.

За кого е наменета обуката?

Специјалистичката обука е наменета за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа и сектори во организацијата, менаџери и вработени во секторите за човечки ресурси, тим лидери, претприемачи, секој која сака да креира ефикасни тимови, како и за други лица кои сакаат да ги зголемат своите лидерски вештини.

ПРОГРАМА:

МОДУЛ 1. ВОДИ СЕ СЕБЕСИ (САМ СВОЈ ЛИДЕР): ЕФЕКТИВНОТО ЛИДЕРСТВО КАКО ОДРАЗ НА САМО-ЛИДЕРСТВО:

1.1. Запознавање со агендата и целите на обуката;

1.2 . Процес на највисока продуктивност на лидерите;

1.3. Како да се идентификуваат и контролираат "16-те демони" на лидерите-менаџери кои ја попречуваат ефикасноста;

1.4. Откријте го вашиот стил на лидерство;

1.5. Користете лидерски стилови кои обезбедуваат највисока продуктивност и ефикасност за тимот и за компанијата.

МОДУЛ 2. ВОДЕЊЕ НА ДРУГИТЕ : КАКО ЕФЕКТИВНО ДА ГИ ВОДИТЕ ЛУЃЕТО (ВРАБОТЕНИТЕ) ДА ОДГОВАРА НА  СИТУАЦИОНЕН ПРИСТАП И ДА ЈА РАЗБЕРЕМЕ Z ГЕНЕРАЦИЈАТА

2.1. Три клучни вештини на ситуациониот пристап (дијагностика, флексибилност и партнерство за реализација на целите);

2.2. Алатка за ситуационо водство врз основа на квалитативни и квантитативни параметри;

2.3. Алатка за водење на луѓе (вработени) согласно профилот на личноста;

2.4. Kако успешно да го мотивирате тимот и да разберете како функционира z - генерација?

2.5. Ситуационен пристап според фазите во кои се случуваат промените.

МОДУЛ 3. ВОДЕЊЕ НА КОМПАНИЈАТА : КАКО ЕФИКАСНО ДА СЕ ВОДИ КОМПАНИЈАТА И ТИМОВИТЕ ВО ПЕРИОД НА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

3.1. Психологијата на организацијата и лидерството порано и сега;

3.2 10 пристапи и техники за одржлива мотивација;

3.3. Нови трендови во лидерството и работата и пристапот со луѓето;

3.4. Што се случува со вашите вработени и која е нивната посветеност?

3.5.  Нови концепти за менаџмент - четиридимензионален бизнис

 Евалуација на специјалистичката обука и доделување сертификати.

 
Предавач:


Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазици и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителски до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.

 Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar group во кој контекст работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.

 

Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците.

Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство од страна на D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград, Р.Србија, како и за време на семинарот закуска, кафе и освежување на паузите.

Коотизацијата на специјалистичката еднодневна обука по учесник изнесува изнесува 9.584 деанари (8.122 ден. + 18% ДДВ) или 131 евра + 18%ДДВ;

Доколку се пријават три или четири учесника од иста компанија цената на котизација изнесува 8.267 денари (7.006 ден. + 18% ДДВ) или 113 евра + 18%ДДВ и ако се 5 или повеќе учесници од иста компанија изнесува 7.535 денари (6,386 ден. + 18%ДДВ) или 103 евра 18%ДДВ.

Котизацијата се плаќа по добиена про-фактура или фактура електронски на маил од страна на Стопанската комора на Северна Македонија или на D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград.

Пријавувањето за семинарот е со доставена пријава од Ваша страна на маил во Стопанската комора или во D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград.

Работен јазик и материјали: српски јазик.
Последен рок за пријавување е 24.02.2025 година.

Контакт лица:

 м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074