„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.03.2025 - 25.03.2025 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 5-ти
Стопанската комора на Северна Македонија на 25 март 2025 година 09:30-16:30 часот организира еднодневна работилница на тема:
МИС-КОМУНИКАЦИЈА
БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НАЈКОНТРОВЕРЗНАТА ОБУКА ЗА
Придобивки од семинарот:
· СЕДУМ-ЧАСОВНО ИСКУСТВО кое ќе ви помогне да ги разберете сите аспекти на погрешната комуникација со луѓето околу вас;
· ќе дознаете КАКВИ КОМУНИКАТОРИ сме/сте и колку добро ги разбираме луѓето околу нас;
· Ќе научите како да бидете ПОСИГУРНИ, УВЕРЛИВИ и ПОДОБРО РАЗБРАНИ во деловната и личната комуникација;
· Ќе развиетеПОДОБАР „ТЕК“ во комуникација со вашиот работен тим;
· Ќе научите како да се СПРАВУВАТЕ СО НЕСОГЛАСУВАЊАТА И РАЗОЧАРУВАЊАТА со кои секојдневно се среќавате во односите со другите;
· Како да се СПРАВИТЕ СО ЕМОЦИИТЕ кои влијаат на процесот на комуникација;
· Како да се справите со ТЕШКИ КАРАКТЕРИ;
· Како да ги препознаете ТЕЛЕСНИТЕ СИГНАЛИ што вие и другите околу вас ги испраќате.
За кого е наменет семинарот?
МЕНАЏЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПРОДАВАЧИ, КЛИЕНТИ, МАРКЕТЕРИ, СУПЕРВИЗОРИ,ПРОФЕСИОНАЛЦИ, НЕПРОФЕСИОНАЛЦИ,
8 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ НА ПЛАНЕТАВА ЗЕМЈА, ОСВЕН ОНИЕ КОИ БАШ И НЕ ИМ Е ГРИЖА ЗОШТОНЕ СЕ РАЗБИРААТ И НЕ НИ САКААТ ДА СЕ РАЗБЕРАТ СО ДРУГИТЕ!
- Дефинирање на зборовите;
- Емоциите и комуникацијата;
- Типови на комуникација;
- Психолошки потреби;
- ЕГО состојби
- Комуникација соразлични психолошки профили.
Петар Лазаров е официјално најдобриот консултант и тренер за маркетинг, брендинг, продажба и меки вештини во Европа, светот и можеби универзумот - потврдено од блиски пријатели, соседи и најважно, неговата мајка и татко. Се смета како“3тагенерација”обучувачи кои не се самотеоретичари, ниту и самопрактичари,туку имаат развиеносвојаавторска перспектива и уникатен теоретски ипрактичен пристап вопренесување на своите искуства и знаења.
Од развој на глобални брендови како MAMA’S до создавање на концептот NO BULL..., кој го брануваше пазарот во САД, па дури и го привлече вниманието на SHARKTANK, Петар знае како да ги претвори идеите во пазарни сензации. Но, освен брендирањето и продажбата, неговата вистинска супермоќ е градењето вештини кои ги трансформираат тимовите - помагајќи им на професионалците да ја совладаат комуникацијата, убедувањето и меките вештини што го носат вистинскиот успех.
Исто така, тој е ко-автор на TIP OF THE WEEK, прирачник за личен и професионален развој кој се продаде во над 15.000 примероци низ целиот Балкан.
За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:
- Електронски работен материјал;
- Сертификат за присуство на семинарот;
- Закуска и освежување.
Бројот на учесници е ограничен и краен рок за пријавување е 23.3.2025