„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.09.2024 - 02.10.2024 , МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И ФОРУМ
(ENVIRONTEC – ÖKOINDUSTRIA 2024) (хибриден настан) 2-3 октомври 2024 година, Будимпешта, Унгарија
Во рамките на Enterprise Europe Network, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Унгарската агенција за промоција на извозот (HEPA Hungarian Export Promotion Agency), ве поканува да учествувате на меѓународниот саем и на Б2Б-средбите на теми поврзани со циркуларната економија, на 2-3 октомври 2024 година во Будимпешта, Унгарија. Настанот е хибриден.
Овие средби се фокусираат на циркуларната економија, зелениот развој, обновливите извори на енергија и на трансформацијата на деловните модели за да се зачуваат природните ресурси на одржливиот развој во следните сектори:
1. Циркуларна економија – управување со отпад
2. Управување со води, третман на отпадните води, заштита од води
3. Ремедијација и браунфилд-инвестиции
4. Заштита на квалитетот на воздухот
5. Мерење и анализа на животната средина
6. Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
7. Развој на инфраструктурата, одржливи градови и населени места
8. Екоиновации и стартапи во Централна и во Источна Европа
Целни учесници
Овој настан е наменет за сите компании, агенции, организации и владини претставници кои применуваат современи практики за искористување на суровините, градежните материјали, технологиите, на енергијата, рециклирањето и на пакувањето и кои преку иновативни решенија и паметни партнерства имаат позитивно влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина и врз зголемувањето на одржливоста на производите и на услугите, а истовремено создаваат нови деловни можности.
Доколку сте заинтересирани за овој настан, својот интерес за учество на Б2Б-средбите можете да го најавите електронски, со регистрација на следниот линк: https://www.b2match.com/e/environtec-powered-by-okoindustria-b2b/sign-up/create-account. Учеството на Б2Б-средбите е бесплатно.
Состаноците ќе се одржат на посебен простор, во согласност со објаснувањата дадени на линкот во прилог https://help.b2match.com/en-US/setting-up-your-meeting-availability-214620
Сите заинтересирани учесници кои физички ќе присуствуваат на саемот ќе можат на самото место да присуствуваат и на виртуелните и на физичките Б2Б-средби.
Оние заинтересирани учесницикои физички ќе учествуваат на саемот како професионални учесници ќе треба веднаш да го пријават учеството на следниот линк: https://environtec.hu/szakmai-regisztracio/, а за нив влезот е бесплатен.