Публикации на комората
Образование

18.03.2021
ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА БИЗНИСОТ
- Досегашните ефекти покажаа дека образованието не подготвува релевантен стручен кадар кој ќе може веднаш да се вклучи во работните процеси.
- Недостигот на вештини и на компетенции е еден од клучните проблеми за продуктивноста и за ликвидноста на компаниите.
- Неусогласеноста на понудата за вештини и компетенции со потребите на реалниот сектор е ограничувачки фактор за конкурентност на компаниите на домашниот и на меѓународниот пазар.
- Младите лица не поседуваат трансверзални вештини.
- Уписната политика не ги следи потребите на реалниот сектор на локално и на регионално ниво.
- Компаниите вложуваат дополнителни средства за обука на лицата кои се вработуваат.

24.06.2020
АНАЛИЗА НА „ВКЛУЧЕНОСТА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И СОРАБОТКА СО УЧИЛИШТАТА“
Целта на документот, насловен како Анализа на „Вклученоста на приватниот сектор во стручното образование и обука и соработка со училиштата“, e да се прикаже моменталната состојба со реализацијата на практичната обука, интересот на компаниите за вклученост во процесот и поддршката што ја даваат на училиштата (финансиска, материјална и сл.), врз основа на анализа на мислењата на анкетираните компании и да се добијат информации што ќе преземат компаниите откако учениците ќе го завршат стручното образование.
