„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
На адреса на Стопанската комора и претседателот Азески стигна допис од компанијата за маркетинг и меѓународно вмрежување Клевенард (Clevenard SL), со седиште во Шпанија, која доставува покана СКСМ да присуствува и да земе активно учество на „Clevenard Open Project 2026“, кој ќе се одржи во периодот од 27 до 30 август 2026 година во Конгресната палата воАликанте, Шпанија.


„Clevenard Open Project 2026“ е меѓународен форум под мотото „Глобална прослава на бизнисот, културата, креативноста и човечката поврзаност“, кој обединува носители на политики, економски институции, деловни лидери, инвеститори, културни чинители и претставници на приватниот сектор од Европа, Африка и Америка. Настанот поттикнува дијалог, видливост и конкретни партнерства меѓу секторите што го движат одржливиот економски раст и иновациите.