„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Претседателот Бранко Азески со членови од УО на Комората, во работна посета на Реплек АД со генералниот директор Душан Пецовски и неговиот тим по повод одбележување 80 години постоење, проследено со нови инвестиции насочени кон зајакнување на производствените капацитети, најави за нови инвестиции, стабилност во работењето и визија за иднината на фармацевтската компанија.
Во рамки на посетата претседателот Азески посочи дека Комората е институција која застанува зад своите членки, работи на создавање услови за да можат компаниите да го креираат деловниот амбиент и да постигнуваат позитивни резултати. Освен преку Комората, поддршка се обезбедува и на регионално ниво преку Коморскиот инвестициски форум – КИФ. Преку низа програми на Европската Унија, УСАИД, ФИТР, беа досега поддржани повеќе алатки за нови технологии, инвестиции, едукација на кадар, настап на странски пазари, саемски манифестации и сл. Во следниот период преку проектите на КИФ компаниите кои се пред се регионално но и извозно ориентирани во целост ќе имаат пристап до нови услуги што ги нуди регионалната бизнис асоцијација на 6те комори од Западен Балкан.
Претседателот Азески во рамки на посетата најави и дека најголема задача на Комората во наредниот период ќе биде креирање амбиент во кој јавно транспарентно, на македонските компании ќе им се овозможи фер натпревар. Ако најголем дел од нашите стоки завршуваат на европските пазари тоа значи дека се признати, ценети и може да се носат со конкуренцијата, вели Азески.
Стави акцент и на потребата од подобра организација внатре во државата. Значителни средства од социјалата може да се пренаменат за развој, значителни средства од непотребните трошења треба да се насочат кон развој, така ќе се симне цената на производот и услугата и ќе бидеме конкурентни.
Во однос на освојувањето нови странски пазари, тој информира дека Комората и Владата подготвуваат посебна програма. Истовремено и министерот Муцунски со свои екипи беше во коморите и разговараше, сите што имаат намера да се приклучат на нови пазари и имаат конкретни зделки ќе го придружуваат премиерот на неговите патувања годинава, а ќе имаат и патувања со премиерите на земјите од Западен Балкан. Овој месец со Владата ќе потпишеме документ за поддршка на платформа за инвестициски активности, а се работи и на друга, BRIDGE (мост) програма за инфраструктурата - за нова платформа за подобрување на состојбите на целиот Балкан, информира Азески и најави поддршка на извозните активности за фирмите.
Генералниот директор Душан Пецовски истакна дека сите овие инвестиции и развојни проекти нема да застанат тука. Како извозно-ориентирана компанија го почитуваме домашниот пазар, но сепак, перспективата најмногу ја гледаме во странските пазари вели тој. Лани Реплек забележа 40% зголемување на добивката, а присутен е на 25 пазари во светот со тенденција до 2030 година да бидат присутни во 40 земји. Затоа вели Пецовски инвестираме во нови погони, инвестираме и во претставништва во регионот. Во овој дух работиме осум децении, но значителни исчекори се направени во изминатите 4-5 години. Исчекор е направен во продажбата, нашиот обрт е зголемен три пати, а добивката пет пати. Очекуваме и во наредните години „Реплек“ да бележи двоцифрен раст. Се ова немаше да биде можно без сериозните вложувања во луѓето, во човечките ресурси, во кадрите на нашата компанија, истакна Пецовски кој со својот тим беше домаќин на делегација од Стопанската комора, предводена од нејзиниот претседател Бранко Азески.
.jpg)
„Реплек“ АД Скопје најавува отворање нов производствен погон во втората половина од 2026 година, вреден пет милиони евра. Компанијата 2025 година ја завршила со 34 милиони евра продажба и пет милиони евра нето добивка.
Во рамки на посетата беше реализирана и посета на погонот што беше пуштен во употребата лани летото, а е италијанска инвестиција од два милиона евра.
Изјавите на првите луѓе на Реплек АД Скопје и Стопанската комора