„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во емисијата беа отворени повеќе теми и одговорени многу прашања за коишто граѓаните имаат голем интерес, поврзани со управувањето со станбените згради, начинот на управување и одржување на објектите, правата и обврските на управителите и станарите како и за тековното одржување на заедничките делови на станбените згради.
„Еден од најголемите проблеми кај станбените згради се лифтовите. Се проценува дека сите лифтови кои се вградени се околу 30 години стари. Тоа значи дека тие лифтови ќе треба во меѓувреме да се променат согласно новите регулативи, каде треба да има двонасочни кочници, треба да има дојави и да ги исполнуваат постоечките стандарди. Знаеме дека лифтовите се секогаш најкритични и исто како и возилата мора да бидат редовно сервисирани, треба да имаат годишен технички преглед итн.“ – истакна Самараков во дел од интервјуто.