„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
18.11.2025
Во писмено обраќање на тимот на Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (SEC) и Управниот одбор на SEC, стои, „би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност и искрена благодарност за вашата соработка и непроценлив придонес кон иницијативата „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: раст на бизнисот и партнерства“. Ова беше првата иницијатива на SEC организирана надвор од Швајцарија, а нејзиниот успех не би бил можен без вашата поддршка, ангажман и соработка.
.jpg)
Оваа иницијатива, стои во обраќањето до Стопанската комора, претставува важна пресвртница во мисијата на SEC за зајакнување на економските/деловните, научните и академските врски меѓу Швајцарија и 17-те земји од Централна и Источна Европа. Исто така е особено значајна, бидејќи SEC имаше ограничени активности поврзани со Северна Македонија во минатото. „Вистински веруваме дека ова е само почеток на подлабоко и повлијателно вклучување во поврзувањето на швајцарските и македонските бизниси и во поттикнувањето на посилни економски односи меѓу двете земји“, се вели во писмено изразената благодарност за одличната организација на настанот.
Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа, остава простор доколку може да ја поддржи Стопанска комора на Северна Македонија во некоја од идните активности, за што ќе бидат анализирани сите можности за соработка што ќе придонесе за континуираниот успех на коморско делување во земјата.
.jpg)
Минатата недела под мотото „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“, во Стопанската комора се одржа деловен форум посветен на унапредување на трговијата, инвестициите и економската соработка меѓу двете земји. Настанот беше заеднички организиран од Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (SEC), со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје.
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, кој непосредно пред отворањето на форумот имаше работна средба со новиот амбасадор на Швајцарија во земјата, Н.Е. Кристоф Зомер, во изјава за медиумите нагласи дека овој настан е чекор напред во продлабочување на бизнис-соработката меѓу двете земји.
„Имаме од кого да учиме, а соработката со Швајцарија е пример токму во тој правец – во едукацијата на нашите компании и нивно вклучување во новите технолошки текови. Ќе настојуваме да ја вклучиме и македонската заедница што е присутна во Швајцарија и преку нивни форми на организирање да го подигнеме степенот на размена, кој моментално изнесува околу 200 милиони долари. Нашата цел е да го зголемиме извозот и да создадеме услови за нови партнерства и инвестиции,“ изјави тога претседателот Азески.
Настанот го одбележа и првото јавно обраќање на амбасадорот Зомер. Во своето излагање, тој ја истакна долгогодишната успешна соработка меѓу двете држави и потенцира дека постојат јасни можности за нејзино дополнително продлабочување.