„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
13.11.2025
На регионална конференција Микробалканс 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември, панелот „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“ се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата за одржлив развој и унапредување на регионалната соработка.
Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија и генерален менаџер и сопственик на Минт Финтек Груп, дебатираше со водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат во креирањето на регулативата и развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан на панелот „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи дека главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома. Со своето учество, Јошевски ја потврди и зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив микрофинансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.