„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.05.2025
Посветеноста во остварување на еден од трите главни приоритети во работењето на Стопанската комора – образование по мерка на бизнисот, веќе две години по ред ги дава своите резултати. Средното стручно образование станува сè поатрактивно за младите деветтоодделенци што е видливо од интересот за упис на младите во средните стручни училишта, а се намалува притисокот кој се вршеше за упис во гимназиите, истакна м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во Стопанската комора која беше гостин на Утринската програма на МРТВ.
„Младите ги согледуваат придобивките од стручното образование поради новите атрактивни квалификации и можностите кои им се нудат – стекнување применливи стручни вештини и вработување во компаниите каде што ја реализираат практичната обука веднаш по завршувањето на стручното образование и обука. За ова придонесе и кампањата „Учи паментно-работи стручно“ која беше реализирана во соработка со Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование, а поддржано со проектот „Образование за вработување“, истакна Јаневска.
Согледувајќи ги придибивките за компаниите од воведувањето на дуалното образование и охрабрена од резултатите постигнати во средното стручно образование кои се видливи со зголемување на бројот на компании, кој расте од година во година и според последните информации бројката изнесува 650 вклучени компании само во дуалното и 4.615 во стручното образование за учење преку работа и вклучени 66 стручни училишта за 78 квалификации, Комората започна активности за системско воведување на дуалното образование и во виското образование.
Повеќе информации за состојбите во стручното образование и активностите на Комората во овој сегмент од гостувањето на м-р Наташа Јаневска на Утринската програма на МРТВ.