„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

ВТОР ДЕЛ ПРИЛОГ ЗА МЕТАЛНА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈАТА ВО МАГАЗИНОТ „ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС“

Македонските експерти со заедничка визија: Инвестиција во квалитет, иновации и зелена иднина

14.04.2025

Од образованието до технолошките решенија, стручњаците Андоноски, Ефтимовски, Анѓушев, Ивановски, Вељаноски и Василевски истакнуваат дека фокусот на квалитетот, одржливоста и подготовката за глобалните предизвици е клучен за развојот на државата.

 Во вториот дел на магазинот „Економија и Бизнис“, посветен на Здружението на метална и електроиндустријата, во кој членовите од Управниот одбор на Здружението, експерти и лидери на различни области, поставија акцент на важноста на иновациите, квалитетот во образованието и технолошкиот напредок како основа за економски раст и конкурентност на глобалниот пазар. Стручњаците од различни сектори, од образованието до индустријата и зелениот развој, се согласуваат дека поголема инвестиција во човечкиот капитал и нови технологии е клучна за Македонија да ги надмине предизвиците на глобално ниво.

Андоноски ја истакнува потребата за поголемо внимание на квалитетот на образованието, што ќе придонесе за развој на младите таленти и за подобра подготовка за идните предизвици. Ефтимовски зборува за зависноста на земјата од фактори кои не зависат само од неа, туку и од глобалната ситуација. Од друга страна, Анѓушев ја потврдува перспективата на компании како „Грин машинс“, кои ќе имаат голема улога во иднината на светската индустрија.

Ивановски ги гледа новите предизвици како можност за надградба и за излез од овие ситуации посилни и поспремни, додека Вељаноски ги нагласува новите можности за раст во области како зелена енергија, сајбер безбедност и автоматизација. На крај, Василевски додава дека техничкото знаење и иновациите ќе играат клучна улога во создавањето на конкурентни производи кои ќе ја подобрат македонската индустрија и ќе ја направат поуспешна на глобалниот пазар.

Македонија има огромен потенцијал, а оваа синергија меѓу образованието, индустријата и иновациите ќе биде основа за нејзин успешен развој во следните години.

Линкови за пристап до целиот текст:

·        Андоноски: Потребно е да се посвети поголемо внимание на квалитетот на образованието

·        Ефтимовски: Во голема мерка сме зависни од низа фактори кои се детерминирани од државава од една страна, а од друга страна зависат исклучиво од нас

·        Анѓушев: Верувам дека „Грин машинс“ има огромна перспектива во следниов период да го зголеми значително својот удел на пазарот во светот

·        Ивановски: Новите предизвици се можност за надградба со која би излегле посилни, поспремни за соочување со светската конкуренција

·        Вељаноски: Во следниов период очекуваме зголемена побарувачка за услуги поврзани со зелена енергија, сајбер безбедност и автоматизација

·        Василевски: Техничкото знаење мора да е поткрепа за развој на иновативните производи и за подобрување на квалитетот на производите