„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
24.03.2025
Во магазинот Економија и Бизнис во интервју на Горан Антевски, претседател на Здружението за метална и електроиндустријата, говори за предизвиците и очекувањата во секторот и за неговата улога во домашната економија.
,,Како нов претседател на Здружението на метална и електроиндустрија и генерален директор на Раде Кончар − ТЕП, мојата цел во оваа нова улога е да ја унапредам дејноста која има доминант на улога во домашната индустрија во целост, да поддржам иновации и да создадам услови за заеднички успех на сите членови на Здружението. Се надевам дека ќе можам да ги применам искуствата и успешните практики од Раде Кончар − ТЕП за да помогнам во развојот на целата индустрија. Фокусот ќе биде на унапредување на продуктивноста, инвестиции во зелена енергија и поттикнување на дигитализацијата. Иднината на индустријата ќе зависи од создавањето поволни услови за инвестиции и за развој на нови технологии. Верувам дека преку соработка и иновации ќе ја подобриме конкурентноста на секторот и ќе го позиционираме на глобалниот пазар.,,
На неколку страни, анализа и ставови за предизвиците и перспективите со кои се соочува дејноста: https://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=33966
За актуелните состојби во метална и електроиндустријата, свои видувања и анализи дадоа и:
· м-р Марта Наумовска Грнарова, директор на Завар компани, потпретседател на Здружението на металана и електроиндустријата
· Васко Темелковски, експерт за стандардизација и за сертификација, член на УО на Здружението на метална и електроиндустрија
· Катерина Здравеска, управител на Каз Груп Скопје, член на УО на Здружението на метална и електроиндустрија
· Драган Дамјановски, Термалифт Скопје, член на УО на Здружението на метална и електроиндустрија
· Иле Николов, управител на Актива ДОО Штип, член на УО на Здружението на метална и електроиндустрија
· Огнен Цубалевски, ОДВ Електрик, член на УО на Здружението на метална и електроиндустрија