„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

БЕЗ ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗДРЖЕНИЈАТА И АСОЦИЈАЦИИТЕ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ПРОЦЕСИ НЕМА КВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

26.04.2024

Учењето од добри практики и пренесување на позитивните искуства за зајакнување на улогата на компаниите, асоцијациите, здруженијата, групациите и другите форми на бизнис здружување  како соодветни партнери на државата за подобрување на квалитетот на стручното образование, беше целта на дводневната студиска посета во Цирих, Швајцарија (25-25 април 2024 година) на претставници од здруженијата и групациите во рамките на Стопанската комора. Студиската посета се реализира со поддршка преку програмата „Образование за вработување (Е4Е)“, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел системска промена на средното стручно (формално и неформално образование) во Македонија.
Во рамките на студиската посета, претставници од 3 компании, Гранит АД, Скопје; Македонија турист, Скопје и ЈКП Дервен, Велес од здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, здружението  на угостителството и туризмот и здружението на комуналните дејности имаа можност, во рамките на посетата на здружението за градежништво во Цирих, да се запознаат со успешните практики на организираноста, работењето и активностите на здруженијата во Швајцарија, со посебен осврт на нивното учество и на активностите што ги преземаат во делот на образованието за подобрување на квалитетот на истото и испорака на соодветен кадар со потребните компетенции барани од бизнисот. На претставниците од здруженијата им беа презентирани активностите како компаниите придонесуваат за развојот на здружението, како здружението ги поддржува и им помага на компаниите, како здружението лобира во областите поврзани со образованието и сл.
Важен дел од активностите беше и посетата на Швајцарска федерација за образование на возрасните (SVEB), каде претставниците на здруженијата од Македонија се запознаа со начинот на реализација на практичната обука во стручното образование преку дискусија со учесник кој реализира практична обука во оваа институција, како и со активностите на здруженијата во неформалното образование и улогата на оваа организација во одржливоста на квалитетот во реализацијата на обуки за обучувачи за одредени квалификации, процесот на одобрувањето на програмите за обука и испитните програми за стекнување јавен документ со учеството во овие програми.
Пред тргнувањето на студиската посета како подготвителна активност, учесниците имаа можност да добијат сознанија за системот на стручно образование, преку презентацијата Мариане Милер (Marianne Müller), проектен менаџер за меѓународни односи и истражување од Швајцарска федерација за образование на возрасните – SVEB. 
Студиската посетата во Швајцарија, е продолжување на активностите на Комората, преку учење од добри практики,  за јакнење на капацитетите на здруженијата и групациите во рамките на Комората, за нивно вклучување во образовниот систем во насока на обезбедување квалитетно и функционално стручно образование во испораката на квалификуван и остручен кадар по мерка на бизнисот.  
Целта на состанокот беше преку интерактивна дискусија македонските компании и претставниците на здруженијата при Комората да дадат свое видување за актуелните состојби, вклученоста во креирањето на образовни политики, успешноста на моделот и потребата од негово прилагодување согласно бизнисот. Во своите излагања како клучен проблем компаниите го истакнаа  недостигот и немањето начин како да се стигне до потребен кадар воопшто без да се зборува за потребни квалификации. Одливот на работна сила е се поактуелен на сите нивоа и земјата се соочува со недостиг од секаков вид на кадар, беше општата констатација. Неколку клучни поенти кои ги нотираа компаниите беа:
  • Државата да даде комплетна поддршка на процесот на комплетно стручно образование. Во таа насока размислувањата се дека е потребно да се поддржи финансирање на стручно образование наспроти гимназиско врз основа на вработливост.
  • Практичната обука во фирмите освен што е задолжителна да биде контролирана, а учениците а тоа да добиваат сертификат. Да се направи и поголема контрола, професорите за пракса од училиштата да бидат континуирано присутни при реализирање на практичната бука во компаниите.
  • Не постои начин како да се задржат потенцијалните работници и ученици иако истите и се стипендираат или се вложува во нив за преквалификација или доквалификација
  • Се иницираат и предлози како системски да се уреди веќе пензионирани работници да може да се вратат во производните процеси како ментори (бидејќи станува збор за кадар обучен во исклучително професионални услови во минатото и со систем на функционирање кој има стандарди), а и учениците кои се само на пракса без договор за вработување да влеат во системот на заштита при работа кој третира само работници кои се во работен однос. Ова е важно заради случаи при потврда од работа за кои компаниите имаат големи одговорности и се подложни на високи износи на казни и кривични постапки.
За сите овие констатации во следниот период активно ќе се работи на поддигнување на капацитетите на бизнис делувањето но и на се поголемо вклучување на компании кои имаат потреба од стручен кадара во своите работни процеси.