„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
По повод промовирање на RALF AI - првиот јазичен модел, односно вештачка интелигенција потпрена на целокупното знаење, работа и труд на нашата куќа, со поддршка на претседателот на Комората, Бранко Азески, што се одржа во просториите на СКСМ, Стефан Рафајловски креатор на RALF AI, достави писмо со благодарност за целокупната логистика на новата алатка, првиот јазичен модел, односно вештачка интелигенција за консултација.
Во писмото доставено до претседателот Азески стои:
Почитуван претседателе Азески,
Вие, како и целата Стопанска комора, ни помогнавте проектот RALF AI, да го промовираме и со застанувањето зад една ваква домашна инвестиција е само приказ колку Стопанската Комора се грижи за своите членки и гледа далеку напред за развојот на истите во времињата што доаѓаат.
Ова за нас претставува огромна обврска зошто честа која ни ја прикажавте е само траен поттик за нашиот понатамошен развој.
Чест ни е што сме дел од ова семејство „Стопанска Комора на Северна Македонија“, бизнис-заедницата, дел од големиот систем кој на сите ни овозможува да го искажеме својот глас, идеи и да го прикажеме нашиот развој.
Уште едно големо благодарам до претседателот г-дин Бранко Азески, како и до сите членови на Комората, кои ни помогнаа на овој величествен настан кој се одржа на 4 ноември 2026 година.
Со почит,
Рафајловски Консалтинг
Стефан Рафајловски