„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Привлекувањето странски инвестиции донесе нови работни места, раст на извозот, нови технологии и знаења, но нивниот потенцијал за поширок развој на домашната економија не е целосно искористен.
М-р Анета Димовска, проектен менаџер за активностите поврзани со извозот во Стопанската комора, посочува дека во изминатиот период не биле создадени доволно силни еко-системи што ќе ги поврзат странските инвеститори со домашните добавувачи и ќе овозможат поголем мултипликативен ефект врз економијата.
Според неа, идните политики треба да се насочат кон привлекување инвеститори што ќе придонесат за посилен извозен пробив, но и кон подобра координација меѓу институциите, деловната заедница и коморите, со јасна политичка и институционална определба за извозот како стратешка цел.