„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Благодарност до претседателот Азерски за поддршката и личниот ангажман во реализацијата на МИКРОБАЛКАНС 2026

01.10.2026

| Новости

Групација на небанкарски финансиски друштва при СКСМ

Членките на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија упатуваат искрена благодарност за поддршката на претседателот на Комората Брако Азески, и личниот ангажман во реализацијата на МикроБалканс 2026.

Во писмото упатено до претседателот Азески стои:

Особено го цениме тоа што уште од самиот почеток ја препознавте идејата и потенцијалот на MicroBalkans и дадовте поддршка оваа иницијатива да излезе надвор од рамките на Групацијата и да се развива како регионална платформа за финансискиот сектор и деловната заедница во Западен Балкан.

Вашиот личен ангажман, поддршката во воспоставувањето контакти со релевантни институции и партнери, како и Вашата поддршка во обезбедувањето видливост на иницијативата, беа особено значајни во процесот на подготовка и реализација на конференцијата. Тоа ни овозможи полесно да го позиционираме МикроБалканс како платформа која ги надминува границите на една индустрија и отвора простор за поширок регионален дијалог.

Особено ни значеше и Вашето присуство и поддршка во текот на конференцијата, со што испративте јасна порака дека прашањата поврзани со пристапот до финансии, развојот на финансискиот сектор и создавањето подобри услови за компаниите се важни и за деловната заедница и за Стопанската комора.

Овогодишното издание, со повеќе од 250 учесници од над 15 земји, покажа дека MicroBalkans има потенцијал да прерасне во долгорочна регионална платформа за размена на искуства, поврзување и иницирање конкретни активности.

Веруваме дека без Вашата поддршка и препознавање на значењето на оваа иницијатива, патот до ова ниво ќе беше значително потежок.

Затоа, Ви благодариме не само за институционалната поддршка, туку и за личниот ангажман, довербата и подготвеноста да застанете зад МикроБалканс 2026 и да помогнете да прерасне во значаен регионален настан.

Со увереност дека МикроБалканс ќе продолжи да се развива и во следните години, Ви благодариме за досегашниот придонес и поддршка.

Со почит и благодарност,

Никола Јошевски, претседател

Групација на небанкарски финансиски друштва
Стопанска комора на Северна Македонија