„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Отворени можности за соработка за поефикасно управување со водните ресурси

14.09.2026

| Новости

Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Програмата за управување, користење и заштита на подземните води (GWP), организираше инфо-сесија посветена на можностите за соработка и развој на конкретни иницијативи во интерес на компаниите од комуналниот сектор.

Целта на средбата беше да се отворат можности за заедничко делување во областите од значење за бизнисот и одржливото управување со водните ресурси, со посебен акцент на развојот на човечките ресурси, унапредувањето на практичните знаења и поврзувањето на образованието со реалните потреби на индустријата.

Во рамки на инфо-сесијата беа презентирани и дискутирани три конкретни области за можна соработка:

Развој на човечки ресурси и доживотно учење

Беше разгледана можноста за развој на флексибилни програми за доживотно учење и специјализирани квалификациски патеки, кои би биле креирани согласно потребите на компаниите и промените на пазарот на труд.

Поодржливо користење на водните ресурси

Посебно внимание беше посветено на можноста за реализација на пилот-проект за собирање и повторна употреба на вода во индустријата, како пример за примена на практични решенија за поефикасно и одржливо користење на водните ресурси.

Универзитетите поблиску до индустријата

Како важна област за идната соработка беше издвоено поврзувањето на универзитетите и компаниите преку студентски практикантства, со што на младите би им се овозможило стекнување практични знаења и искуства, а компаниите би добиле можност навремено да развиваат кадри согласно своите потреби.

Компаниите – членки на Здружението имаа можност да ги презентираат своите потреби, предизвици и предлози, со што се отвори простор за поконкретно дефинирање на идните активности и проекти.

Соработката меѓу бизнис-секторот, образовните институции и релевантните организации е клучна за создавање квалификуван кадар, примена на иновативни решенија и поефикасно управување со природните ресурси.

Стопанската комора на Северна Македонија продолжува да иницира и поддржува вакви форми на поврзување и соработка, со цел потребите на компаниите да се преточат во конкретни иницијативи, проекти и решенија со долгорочна бенефити за стопанството.