„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Важноста на извозот за македонската економија

10.09.2026

| Новости

Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување

 

Концентрацијата на извозот само кон неколку земји на ЕУ го наметнува прашањето како да се освојуваат нови пазари во Европа, но и да се градат трговски релации со други земји од Северна Африка, Блискиот Исток и од Азија, не исклучувајќи ја можноста да се користат и постојните релации со Велика Британија и со САД како земји со големи извозни потенцијали за нас.

Во Комората, прашањата за извозот како врвен приоритет се третира преку неколку различни форми и тоа:

-        Националниот совет за извоз;

-        Институтот за извоз (составен од Тренинг-центар и Аналитички центар за градење на капацитети на човечките ресурси во извозните компании и обработка на споредбени анализи со цел таргетирање на потенцијали на различни извозни пазари);

-        Клубот на извозници.

Комората изработи и дигитална алатка, т.н платформа за извоз - Easy Export (за полесна информираност и извозна промоција на компаниите).

Извозот во основа е двигател на економскиот развој на секоја една држава, кој треба да поттикнува поголема конкурентност и иновативност, и има особено значење за Македонија, имајќи го предвид фактот дека земјата се соочува со ниска извозна диверзификација од аспект на бројот на извозни компании, но и од аспект на бројот на извозни производи и пазари, ако се земе предвид фактот дека само со 5 земји се реализира над 60 % во вкупниот извоз.