„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Стопанската комора од почетокот на годината заклучно со јули има поднесено 23 иницијативи до надлежните институции за измени во регулативата, иницирани од нашите компании членки, за креирање на подобар деловен амбиент.
Шест се целосно или делумно прифатени, за дел сè уште се чека на одлука, дел се веќе во собраниска процедура. Независно на целокупниот исход, ние не се откажуваме и доколку е потребно ги повторуваме барањата и работиме активно на континуирано унапредување на јавно-приватниот дијалог што не е само во интерес на стопанството туку и на државата во целина преку поттикнувањето на економскиот развој.
Дел од прифатените иницијативи се:
-Барањето на Групацијата за бањи за зголемена цена на болничкиот ден во Бањите за 20% и на специјалистичките прегледи за 50% што десет години наназад не беше направено, а сега е решено со одлука на ФЗО
-Измената на Решението на АХВ за безбедносни мерки при увоз на млеко и млечни производи иницирана преку Групација за млекарство и враќање на старото решение, да нема контрола и анализа на секоја поединечна пратка
-Мислење за примена на Правилникот за превоз на опасен отпад, каде освен свои превозни средства компаниите ќе може да користат и други возила со претходна најава и одобрување од Министерството.