„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Андреа Серафимовски за Construction.hr: Недостигот на работна сила останува еден од најголемите предизвици за македонското градежништво

30.07.2026

| Новости

 Претседателот на Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија, Андреа Серафимовски, даде интервју за хрватскиот портал Construction.hr, во кое говореше за актуелните предизвици со кои се соочува македонскиот градежен сектор.

 

Во интервјуто, Серафимовски посочи дека недостигот на квалификувана работна сила и одливот на работници кон Хрватска, Словенија и другите европски земји претставуваат сериозен предизвик за домашните компании. Тој нагласи дека компаниите сè повеќе инвестираат во подобри услови за работа, повисоки плати и стручно усовршување на кадарот, со цел да ги задржат домашните работници и да обезбедат одржлив развој на секторот.

 

Интервјуто го пренесува и ставот дека развојот на силни и конкурентни домашни градежни компании е клучен предуслов за задржување на стручниот кадар и успешна реализација на капиталните инвестиции во земјата.

 

Целосното интервју можете да го прочитате на порталот Construction.hr