„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

АЗЕСКИ И БОЈАЏИЕВ СО ЗНАЧАЈНИ НАСТАПИ НА МЕЃУНАРОДНИ КОНФЕРЕНЦИИ

25.05.2026

| Новости

Темите и Премиерите

 Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески и потпретседателот проф. д-р Марјан Бојаџиев, значајно ја засилија меѓународната активност на Комората во изминатите неколку месеци и со тоа уште еднаш е потврдена една од стратешките цели на Комората за развој на регионалната соработка.

Ваквата активност е особено значајна сега и во моменти, кога непредвидливоста на геополитичките случувања, проблемите со кои се соочува Европската Унија и положбата на балканските земји и понатаму продолжува, а дополнително е засилена и со енеретската криза. Во таква ситуација, компаниите со дел од своите активности се вртат према бизнис асоцијциите и се бараат заеднички решенија.

Изминатите денови Азески и Бојаџиев, во рамки на регионалните активности,  учествуваа на две големи регионални конгеренции во Загреб и Белград.

На меѓународната конференцијата „Општество и технологија – 2026“, 30 -та јубилејна манифестација во Загреб, претседателот на Стопанската комора, се обрати на отворањето, на која СКСМ е еден од ко-организаторите заедно со: Стопанската комора на Хрватска, Коморите на Индустрија и Трговија, и на занаетчиство и мали бизнис на Словенија, Регионалните комори на Приморска, Словенија и Штаерска од Австрија, како и Универзитетот Алма Матер Еуропеа од Марибор. На отворањето, свое обраќање имаше и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Конференцијата имаше наслов - Технологијата и медиумите како трансформативна сила на економскиот развој во контекст на современите глобални трендови.

Следниот ден нова меѓународна конференција во Белград, во организација на Стопанската комора на Србија, во соработка со Конфиндустрија Источна Европа и со поддршка на Амбасадата на Италија во Белград, за енергетика, инфраструктура и индустриска безбедност на Западен Балкан, на која исто така беа присутни претседателот Азески и потпретседателот Бојаџиев. На настанот учествуваше и  премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.

Конференцијата која фокусот го става на Западен Балкан како транзитен енергетски и инфраструктурен коридор, има за цел отворање дебата за стратешки дијалог за креирањеинтегрирана енергетска и инфраструктурна платформакоја ќе ги поврзува Балтик – Јадран – Црно море – Централна Азија. На крајот на конференцијата се реализираа и билатерални средби на бизнисмени од Италија, Хрватска, Бугарија, Северна Македонија, Романија, Унгарија, Грција, Азербејџан, Казахстан и Србија.

Пред учество на конференциите, претседателот на СКСМ Азески и потпретседателот Бојаџиев имаа активности и на билатерален план со Коморите од регионот.

Паралелно, изминатиот период имаше коморски активности во Унгарија, Словенија, Италија и Австрија.

Од сите реализирани средби и настапи во регионот и земјите членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), неподелено е мислењето, дека СКСМ станува незаобикален фактор во сите балкански иницијативи како Комора со огромна почит и дејствување.