„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

Работна средба меѓу ТАВ Македонија и Групацијата за изнајмување возила (рент-а-кар)

Заменик-генералниот директор на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, на први април 2026, се сретна со членовите на претседателството на Групацијата за изнајмување на возила (рент-а-кар) во Стопанската комора на Северна Македонија, каде што и двете страни се членки.

Средбата беше организирана со цел унапредување на соработката меѓу ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, како аеродромски оператор, и рент-а-кар компаниите, како даватели на услуги на двата аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со фокус на подобрување на квалитетот на услугите и корисничкото искуство на патниците, како и подобро промовирање на земјата како туристичка дестинација преку привлекување на поголем број патници и туристи.