„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Засилената контролна и супервизорска функција на регулаторот – Министерството за финансии, е позитивен чекор што ќе придонесе за подобро корисничко искуство и понатамошен развој на небанкарскиот финансиски сектор. Ова го истакна Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, во интервју за МРТ.
Според Јошевски, воспоставувањето на посебно одделение за супервизија на работењето на финансиските друштва, како и зајакнувањето на неговите човечки капацитети, претставува системски пристап на Министерството за финансии во спроведувањето на законската регулатива во овој сегмент.
Тој нагласи дека со ваквите мерки се очекува зголемување на транспарентноста и унапредување на односот кон потрошувачите, што директно ќе влијае врз довербата во финансиските друштва и растот на нивните активности.
Воедно, Јошевски посочи дека Министерството за финансии и Групацијата при Стопанската комора одржуваат редовни квартални состаноци, на кои се разгледуваат отворените прашања и се бараат решенија за надминување на предизвиците во секторот. Групацијата на небанкарски финансиски друштва, како што додаде, целосно ја поддржува активноста на регулаторот насочена кон транспарентно и коректно информирање на потрошувачите, како и кон надминување на постојните недоследности.
Повеќе детали од интервјуто со Јошевски се достапни на линкот подолу.