„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески и Елена Готовска, директор на Swisscontact во земјава, потпишаа договор за соработка со кој „СВИСКОНТАКТ/СИППО“ ќе ја поддржи Комората за развој на капацитети за извозна промоција, во присуство на Михал Харари, заменик Амбасадор на Швајцарија во РС Македонија, Мирјана Македонска, Национален програмски менаџер при Швајцарска амбасада и Елена Милошевска Јовановска, претставник на СИППО во РС Македонија.

Посакувајќи успешна заедничка соработка со која за прв пат СИППО и Комората формално ќе соработуваат на полето на поддршка на извозот, претседателот Азески рече дека Швајцарија е земја која сите ја посакуваат, а за нас особено значајна бидејќи е една од трите држави во Европа која најмногу ја има помогнато државата преку поддршка во различни сектори и области. Пријателските односи, особено со земји како Швајцарија се од исклучително значење, бидејќи даваат поддршка за реализација на активисти со кои се градат капацитетите на институции, организации, компании, со што се придонесува за јакнење и на економскиот амбиент во државата и подобрување на стандардот на живот.
.jpg)
За Комората, извозот е клучното прашање на кое се работи и кое е поставено меѓу трите топ приоритети меѓу бизнисот, заедно со образованието по мерка на бизнисот, каде Швајцарија преку друг проект исто така сериозно ја поддржа македонската економија и трето, регионалната соработка која е чекор напред пред влез на целиот регион на Западен Балкна во ЕУ семејството. Зошто извоз- затоа што како што вели претседателот Азески, за мала и отворена економија како Северна Македонија извозот е единствениот пат за развој на државата и алфа и омега за економски просперитет.
Секако особено значајно е што Комората, согласно инфраструктурата што ја има, има и доволно капацитет за да ги реализира активностите дефинирани во Договорот за соработка ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ИЗВОЗНА ПРОМОЦИЈА, во интерес на компаниите.

Михал Харари, заменик Амбасадор на Швајцарија во РС Македонија, посочи дека и за Швајцарија важноста на извозот на Северна Македонија е важно бидејќи само преку извоз, компаниите ќе може да се натпреваруваат на меѓународните пазари и да работата на подигнување на својата конкурентност и иновативност.
Договорот кој го потпишаа Стопанската комора и „СВИСКОНТАКТ/СИППО“, има за цел:
- подобрување на квалитетот на услугите за извозна промоција;
- зголемување на обемот на активностите за извозна промоција и
- инклузивност на услугите за извозна промоција што СКСМ ги нуди за извозно ориентираните компании.