„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Иницијативата за основање на Здружението на финансиските организации е поттикната од зголемената меѓусебна поврзаност и комплементарност на домашниот финансиски систем, како и од забрзаниот развој на небанкарските финансиски друштва, што е резултат на понудата на се посложени услуги прилагодени на потребите на граѓаните и на приватниот сектор.
На 27 јуни 2019 година се одржа првото основачко и конститутивно собрание на Здружението, на кое беше избран Управен одбор составен од претставници на различни видови финансиски институции, а воедно беше усвоена и Програмата за работа преку која ќе се реализираат планираните активности.
Здружението на финансиски организации е единствената форма на здружување во земјата што ги обединува сите учесници во финансискиот сектор – банки, штедилници, осигурителни друштва, друштва за управување со пензиски фондови, небанкарски финансиски институции и лизинг-компании – поттикнувајќи заеднички ангажман и долгорочна соработка преку олеснување на интерсекторските форми на партнерство.
Една од клучните цели на Здружението е заедничко идентификување на предизвиците со кои се соочува целиот финансиски сектор, со цел да се најдат сеопфатни решенија што ќе создадат подобри услови за работење на компаниите – членки од овој сектор. Паралелно, Здружението ќе се стреми кон воведување нови програми и проекти насочени кон зајакнување и унапредување на финансискиот систем, како и кон негово поблиско поврзување со сите релевантни засегнати страни. Преку активностите на Здружението сметаме дека ќе можеме значително да придонесеме кон подобрување на регулативата и поефикасно да ги артикулираме интересите и потребите на финансискиот сектор.
Финансискиот сектор игра централна улога во економскиот развој на земјата: го поттикнува штедењето и инвестирањето, создава врски меѓу сите чинители и ја олеснува експанзијата и модернизацијата на финансиските пазари.
Во Здружението на финансиските организации членуваат:
- Сите деловни банки (12)
- Сите штедилници (2)
- 8 од 11 осигурителни компании (неживот)
- 4 од 5 осигурителни компании (живот)
- 22 од 26 небанкарски финансиски друштва
- 5 од 7 лизинг компании
- 4 од 4 пензиски друштва
- 35 осигурително брокерски друштва
На седницата одржана на 23 јануари 2025 година е избран тековниот состав на управен одбор на Здружението на финансиските организации со мандат од 4 години. Претседател на Здружението е Благоја Устијановски, директор на Сектор за корпоративни клиенти, Шпаркасе банка АД Скопје, а потпретседател е Александар Тодоров, директор на експозитура за кредитирање на средни претпријатија, Прокредит банка АД Скопје.

⮞ Благоја Устијановски, Претседател, Шпаркасе банка АД Скопје, Скопје
⮞ Александар Тодоров, потпретседател, Прокредит банка АД Скопје, Скопје
⮞ м-р Ралица Губерова, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ, Скопје и Претседател на Групација на осигурувањето
⮞ Александра Шкемби, Уника Лајф, Скопје и Потпретседател на Групација на осигурувањето
⮞ Никола Јошевски, Минт групација, Битола и Претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва
⮞ Билјана Мишиќ, Иуте груп и Потпретседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва
⮞ Оливера Клинчарова, Делтаинс брокерско друштво и Претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва
⮞ Марјан Манчев, ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје, Скопје и Претседател на Групацијата за лизинг
⮞ Весна Стојановска, КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО, Скопје
⮞ Елеонора Згоњанин Петровиќ, Управител на штедилница ФУЛМ
⮞ Филомена Пљаковска Аспровска, Интернационален картичен систем - КАСИС Скопје, Скопје
Финансискиот систем има клучна улога во економскиот развој на земјата и затоа зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет.
Банките зафаќаат најголем дел од финансискиот систем и имаат најголемо значење за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем, како и на останатите институционални сегменти, коишто чуваат позначителен дел од својата актива во форма на депозити вложени кај банките.
Пензиските фондови, како финансиски посредници и институционални инвеститори се значајни за одржување на долгорочната финансиска стабилност поради пензиските заштеди на секторот „домаќинства“ кај нив.
Според големината на активата, осигурителниот сектор е третиот сегмент во финансискиот систем на Република Северна Македонија којшто има значителен потенцијал за натамошен развој во двата сегмента од осигурувањето – животно и неживотно осигурување.
Значењето на штедилниците за македонскиот финансиски систем е мало, пред сè поради малиот обем на нивните активности. Штедилниците имаат свое значење за финансиската вклученост, бидејќи покриваат одреден постојан (иако мал) сегмент од кредитниот пазар, којшто има полесен пристап до извори на финансирање од штедилниците отколку од банките.
По период од пет последователни години на намалување на активностите, во последните две години, секторот лизинг заживеа, остварувајќи двоцифрени стапки на раст на активностите. Малото значење на друштвата за лизинг за севкупната финансиска стабилност се согледува и преку нивната слаба поврзаност со останатите сегменти од финансискиот систем.
И покрај забележителниот раст на активностите на финансиските друштва, нивното значењето за севкупната финансиска стабилност, од аспект на обемот на нивните активности и на поврзаноста со останатите сегменти од финансискиот систем е мало. Според видот на активностите коишто ги вршат, финансиските друштва би требало да претставуваат еден вид дополнување на кредитната активност на банките и штедилниците, особено за клиентите коишто имаат ограничен пристап до кредитите на банките поради нивните поконзервативни кредитни политики.
Извештај на ММФ: Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет, банкарскиот систем е стабилен
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го објави Извештајот за нашата земја, подготвен при носењето на одлуката за финансиска поддршка преку Инструментот за брзо финансирање. Во Извештајот е констатирано дека пред да започне пандемијата на ковид-19, основите на македонската економија се оценети како здрави. Според ММФ, тоа е видливо преку солидниот и дисперзиран економски раст, одржливата надворешна позиција, како и висококапитализираниот и ликвиден банкарски систем, со ниско учество на нефункционалното во вкупното кредитно портфолио. Понатаму фокусот е ставен на очекуваните ефекти од актуелниот шок од неекономски карактер, при што досега преземените мерки и активности за поддршка на економијата, се оценуваат како соодветни. (Повеќе)
Банкарскиот сектор е еден од најдобро стоечкиот кај нас - дали и колку тој може да излезе во пресрет на кризата
Функционирањето на банкарскиот систем е исклучително важно бидејќи тој треба да влијае на ликвидноста, да кредитира и да помага на приватниот сектор и во кризата, но и во иднина.
Согласно последните податоци на Народната Банка, банкарскиот систем останува здрав и стабилен и има капацитет да се справи со шоковите коишто ги предизвикува состојбата со коронавирусот. (Повеќе)
РЕГУЛАТИВА:
ИНИЦИЈАТИВИ:
04.12.2025
Минатата недела во Скопје се одржа самитот Startup Revolution AI, еден од најзначајните настани посветени на вештачката интелигенција и стартап-екосистемот во регионот. Native Teams, и...
02.12.2025
Во интервјуто за емисијата „Тема на денот; на МТВ, Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Северна Македонија, ги истакна активностите на ЕИБ во подд...
27.11.2025
Под мотото „Што ако можеш сè;, НЛБ Банка Скопје одбележа важен јубилеј – 40 години од основањето. Од мала финансиска организација со корени од 1985 година, НЛБ банка...
26.01.2023
Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј; (УКИМ) во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании. Иницијативата за отпочнување на сора...