„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Решение за изменување на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во РСМ по потекло од Кралство Шведска

12.06.2024

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА
ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО
ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА
ЊУКАСТЕЛСКА БОЛЕСТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО
ПОТЕКЛО ОД КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Северна Македонија по потекло од Кралството Шведска („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 258/21), во членот 1 став (1) зборовите „Лекеберг/Lekeberg“ се заменуваат со зборовите „Скане/Skåne“.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 
Бр. 02 –1465/1    
4 јуни 2024 година
Скопје
 
Агенција за храна и ветеринарство
в.д. директор,
 Николче Бабовски, с.р.