„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за дополнување на правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација

29.04.2024

Врз основа на член 72 став (3) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21), министерот за финансии донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА
ПОПОЛНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА И КОДЕКСОТ НА
ШИФРИ КОИ СЕ УПОТРЕБУВААТ ПРИ ПОПОЛНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА
ДЕКЛАРАЦИЈА
 
Член 1
Во Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и Кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 105/19, 158/19, 279/19, 243/20, 5/21, 237/21 и 201/23), во Прилогот 2 – Кодекс на шифри за пополнување на ЕЦД, Поглавје II – Шифри, во рубриката 37 - ПОСТАПКА, б) Шифри за втора подрубрика, Ослободување од плаќање на увозни давачки, на крајот од табелата по зборовите „Увоз на добра/стоки извршен од страна на Стратешкиот партнер, наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан) и Коридор 10 д (авто- патска делница Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија член 15 став (8) од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија C71“ се додаваат зборовите: