„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Уредба за изменување и дополнување на уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој

12.04.2024

Врз основа на член 101 став (5) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 3 април 2024 година, донесе
УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИДОТ НА
АКТИВНОСТИ, МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС ПО АКТИВНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ,
СУБЈЕКТИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПОСТАПКАТА, ПОБЛИСКИТЕ
КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА ВО
ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
 
Член 1
Во Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/19, 236/19, 53/21, 175/21, 257/21, 67/22, 81/22, 206/22, 43/23, 123/23 и 223/23) во членот 8 став (1) во алинејата 2 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со запирка.
Во алинејата 3 точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот „и“.
По алинејата 3 се додава нова алинеја 4 која гласи:
„- за набавка на опрема (хардвер и софтвер) и ангажирање на стручни лица за изработка на прогнози и модели за примарно земјоделско производство. “.
Член 2
Во членот 11 во ставот (8) зборовите „алинеи 1, 2 и 3“ се заменуваат со зборовите „алинеи 1, 2, 3 и 4“.
Во ставот (11) зборовите „(5), (7) и (8)“ се заменуваат со зборовите „(5) и (7)“.
По ставот (11) се додава нов став (12) кој гласи:
„(12) Корисниците на техничката поддршка од ставот (8) на овој член треба до Министерството да доставуваат извештаи за реализација на активностите, по секоја реализирана активност посебно согласно планот од член 12 став (2) точка 4 од оваа уредба. “.
Ставот (12) кој станува став (13) се менува и гласи:
„(13) Корисниците на техничката поддршка од член 8 став (1) алинеи 1, 2 и 4 од оваа уредба треба најдоцна во рок од три месеци по завршувањето на активностите, да ги публикуваат постигнатите резултати, односно материјалите кон воспоставениот научно демонстративен пример и да ги достават до Министерството во електронска форма.”.
Член 3
Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3465/5
3 април 2024 година
Скопје
 
 Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.