„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите

04.04.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2024 година.
Бр. 08-2151/1
28 март 2024 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ
НА САНКЦИИТЕ
 
Член 1
Во Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија” брoj 99/19, 220/19 и 236/22), во член 2 вo ставот (1) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „односно кога одлуката за изречена парична казна ќе стане правосилна и извршна.”.
Член 2
Во член 7 ставот (2) се менува и гласи:
„Судот што ја донел одлуката во прв степен со која е изречена санкцијата е должен да му ја достави на надлежниот суд за извршување на санкциите според местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице веднаш, односно во моментот на започнување на кривичната постапка, а најдоцна во рок од пет дена откако одлуката ќе стане правосилна, а во однос на паричната казна и извршна.”.
Во ставот (4) по зборот „санкциите’’ се додаваат зборовите: „односно судија за деца.”.
Член 3
Во член 9 во ставот (3) зборовите: „од ставот (1) на овој член’’ се бришат.
Член 4
Во член 11 во ставот (2) точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „како и трошоци согласно со членот 187 од овој закон.”.