„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Северна Македонија и за изложености кон други земји во второто тримесечје од 2025 година

03.04.2024

Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21), членови 65-г став 3 и 65-д став 1 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15, 190/16, 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 122/21), член 16 став 1 точка 6 и член 17 став 1 точка 1 од Законот за финансиска стабилност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 173/22) и точки 11 и 14 од Одлуката за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 98/21 и 149/21), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, донесе
 
ОДЛУКА ЗА ВИСИНАТА НА СТАПКАТА НА ПРОТИВЦИКЛИЧНИОТ ЗАШТИТЕН
СЛОЈ НА КАПИТАЛОТ ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА И ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ КОН ДРУГИ ЗЕМЈИ ВО ВТОРОТО
ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД 2025 ГОДИНА
 
1. Се утврдува стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите во Република Северна Македонија во висина од 1,5 %.
2. Се утврдува стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите кон други земји во висина на стапките што се утврдени од страна на надлежните органи на другите земји и коишто се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
3. Банките се должни да ја применат оваа одлука и да ги вклучат стапките од точките 1 и 2 од оваа одлука во пресметките за утврдувањето на специфичната стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за второто тримесечје од 2025 година.
4. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Гувернер и претседавач на Советот
 на Народната банка на Република
 Северна Македонија,
 д-р Анита Ангеловска-Бежоска, с.р.
 
Бр. 02-12630/2
28 март 2024 година
Скопје