„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување на законот за основање на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

05.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
 
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ОСНОВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ
ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ
 
Се прогласува Законот за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 февруари 2024 година.
 
 
Бр. 08-1450/1                
28 февруари 2024 година     
Скопје                                  
Претседател на Република
Северна Македонија,
 
 
Претседател на Собранието
на Република Северна
          Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ
 
Член 1
Во Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност („Службен весник на Република Македонија“ брoj 113/2007, 24/11, 24/13, 41/14, 145/15, 55/16 и 64/18), членот 24 се менува и гласи:
 
„Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на Националната агенција, доколку постапи спротивно на одредбите на членот 21 од овој закон.
Глоба во износ од 200 до 250 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за
прекршок на вработените во Националната агенција, претседателот и на член на
Управниот одбор, на членовите на советодавните тела и на надворешните  соработници ангажирани од директорот, доколку постапат спротивно на одредбите на членот 21 од овој закон.“.
 
Член 2
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.