„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ

27.10.2022

 Измените и дополнувањата во Законот за земјоделското земјиште, се во насока на доуредување на постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, воведување на нови поими во законот, а истите да се во функција на заштита на земјоделското земјиште како ограничен ресурс. Овој предлог закон содржи 32 члена и со истиот се предлагаат следните законски решенија.
Во членот 1 се предлага намалување на површината во основата и висината на горниот венец на помошните објекти при што се предлага наместо 500м2 во основа истата да изнесува 30м2 и наместо висина на горен венец од 5,50м истата да изнесува 3,00м. Со овој член се предлага и воведување на нов поим во законот, а кој се однесува на дефинирање на фотонапонски панели.
Во членот 2 се предлага дополнување на членот 8-а со додавање на два нови става кои се однесуваат на евиденција на земјиштето и алатките преку кои истото ќе се врши. 
Во членот 3 се предвидува дополнување на член 8-б со додавање на три нови става со кој се овозможува земјоделското земјиште во приватна сопственост да се дава под закуп при што приходите остварени по овој основ да се распределат помеѓу сопственикот или неговиот наследник и Република Северна македонија во однос 80% спрема 20% при што овие средства ќе се приход на Буџетот на РСМ.
Во членот 4 се предвидува дополнување на членот 19 став 2 при што се предлага ослободување од плаќање на закупнината во првите три години да се однесува само за договори за закуп склучени за површина до 10 хектари.
Во членот 5 се предлага дополнување на членот 20 со додавање на фотонапонски панели како можност за изградба на земјоделско земјиште.
Членовите 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 се однесуваат на изменување на членовите од законот кои се однесуваат на постапките за давање на земјоделско земјиште под закуп и тоа за површини до 10 хектари и над 10 хектари.
Во членот 15 се превидува дополнување на членот 25-а со додавање на два нови става со кои се овозможи земјоделското земјиште да се даде под закуп и на кое има насад кој не е отстранет од претходниот закупец при што избраниот понудувач ќе треба да ја надомести вредноста на насадот која претходно била проценета од Бирото за судски вештачења. Средствата остварени по овој основ Министерството ќе може да ги користи за наплата на побарувања по основ на неплатена закупнина додека останатите средства ќе бидат уплатени на сметка на поранешниот закупец.
Членовите 16, 17, 18, 19, 20, 21 и 22 се однесуваат на изменување на членовите од законот со кои се однесуваат на постапките за давање под закуп на земјоделско земјиште при што наместо до 3 хекрати и над три хектари сен заменуваат со до 10 хектари и над 10 хектари.
Во членот 23 се предвидува дополнување на членот 32 со додавање на нов став каде се предидува дека прибележувањето на договорот за закуп во катастарот на недвижности е на товар на закупецот.
Во членот 24 се предидува дополнување на членот 35 со додавање на два нови става при што се прецизира дека договорот за закуп престанува да важи само за земјоделското земјиште кое е предмет на трајна пренамена, денационализација или отуѓување на насади.
Во членот 25 се предвидува дополнување на законот со нов член 35-а со кој се предвидува дека спогодбеното престанување на договорот за закуп ќе се изврши по претходно плаќање на неплатената закупнина сметано до денот на поднесување на барањето и враќање на земјоделското земјиште во првобитна состојба.
Во членот 26 се предвидува изменување на членот 37 при што се бришат зборовите „насадите и останатите“.
Во членот 27 се предвидува изменување на членот 39 при што времетраењето на договор за закуп се зголемува од 5 на 15 години и се предлага дополнување со нов став со кој се предвидува дека трошокот за работа на Комисијата да биде на товар на барателот.
Во членот 28 се предвидува дополнување на членот 51-а со давање на можност за изградба на фотонапонски панели на земјоделско земјиште и истовремено се предлага менување на потребната документација која барателот треба да ја достави.
Во членот 29 се предвидува дополнување на член 51-б со давање на можност согласност за поставување на објекти на земјоделско земјиште да се однесува и за фотонапонски панели.
Во членот 30 се предвидува подзаконскиот акт да се донесе во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Во членот 31 се задолжува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија да утврди пречистен текст на Законот за земјоделското земјиште.
Во членот 32 се предвидува законот да влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.