„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност

02.02.2024

Цели, начела и основни решенија на предлог на законот:
Основната цел на Предлогот на Законот за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност е негово усогласување со Директива 2004/109/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 15 декември 2004 година за усогласување на барањата за транспарентност во врска со информациите за издавачите чиишто хартии од вредност се одобрени за тргување на регулиран пазар и со Регулативата (ЕУ) Бр. 2017/1129/ЕЗ на Европскиот Парламент и на Советот од 14 јуни 2017 година за објавување на проспект при иницијална јавна понуда и прием за тргување на хартии од вредност на регулиран пазар. Законот чие донесување се предлага се заснова врз следните начела:
- стручност, професионалност и висок степен на професионална одговорност на вработените во инвестициските друштва, Пазарниот оператор, Централниот депозитар за хартии од вредност и на вработените во Комисијата за хартии од вредност;
Основните начела врз кои се темели Законот се:
- непристрасност и независност при вршењето на активностите на Комисијата за хартии од вредност
- транспарентност во работењето на Комисијата за хартии од вредност
Со Предлогот на Законот: - се уредува можноста Проспектот да се изготвува како единствен документ или како проспект составен од повеќе одделни документи како: документ за регистрација, белешка за хартиите од вредност и резиме на проспектот.
- Предлог законот дефинира Проспектот да му овозможи на инвеститорот да донесе информирана одлука врз основа на информациите содржани во Проспектот како единствен документ или проспектот како повеќе одделни документи.
-Предлог законот воспоставува стандардизиран и поедноставен проспект за растечки пазари за: мали и средни претпријатија, за издавачи, освен малите и средните претпријатија, чии хартии од вредност се тргуваат или треба да се тргуваат на пазар на раст на МСП , за некотирани компании и за издавачи, освен МСП, кои нудат акции на јавноста и во исто време бараат прием на тие акции за тргување на растечки пазар на МСП.
- се поставуваат барања од котираните компании да објавуваат периодични финансиски информации за приходите во текот на целата финансиска година, како дополнение на континуираните информации за поседување значителен процент од гласачките права. Периодични информации се однесуваат на финансиската состојба на издавачот на хартии од вредност и на претпријатијата што ги контролира.
- се проширува известувањето за преминување на прагот на финансиски инструменти кои даваат право или можност за стекнување акции со споредлив економски ефект. За да се оцени преминувањето на прагот, имателот мора да одобри акции со други финансиски инструменти.