„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА ВИНОТО

20.07.2022

 Според Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со предложениот текст на Законот за виното се уредуваат планирањето и управувањето со производствениот потенцијал за производство на винско грозје, производството на вино, пазарот и прометот со вино, класификацијата на вината, означувањето и заштитата на вината со географски назив и опис, означувањето и заштитата на виното.

Целите на овој закон се заштита на интересите на производителите на винско грозје и вино и потрошувачите на вино, подобрување на квалитетот на виното и другите производи од винско грозје и добро функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар на винско грозје и вино, утврдување на производна цена на застапените сорти на винско грозје, како и зајакнување на улогата на здруженијата на производители на вина и грозје во делот на контролата и квалитетот.