„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ЛЕКОВИТЕ

14.07.2022

 Согласно Известувањето на Министерство за здравство, целта на Предлог – законот за лековите е усогласување на националното со европско законодавство - Директива бр. 2001/83/ЕЗ на Европскиот Парламент и Советот од 6 ноември 2001 за Кодот на Заедницата за медицински производи за човечка употреба, Регулатива (ЕУ) бр. 536/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 16 април 2014 година за клинички испитувања на лекови за човечка употреба и за укинување на Директивата 2001/20/ЕЗ, Регулатива (ЕЗ) бр. 1234/2008 на Комисијата од 24 ноември 2008 година за повторниот преглед на варијациите кај условите за одобрувања за ставање во промет на медицински производи за човечка употреба и ветеринарни медицински производи.