„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за агенти на пензиски друштва

18.12.2023

Врз основа на член 77 став (11) и (12), 77-з став (3) и 77-ј став (2) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007, 88/2008, 48/2009, 50/2010, 171/2010, 36/2011, 98/2012, 13/2013, 164/2013, 44/2014, 192/2015, 30/2016, 21/2018, 245/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија 180/2019 и 103/2021) Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на седницата, одржана на 28.11.2023 година, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА АГЕНТИ НА ПЕНЗИСКИ ДРУШТВА
 
Член 1
Во Правилникот за агенти на пензиски друштва („Службен весник на Република Македонија“
бр.110/2016 и 184/2019) член 1 зборовите: „стекнување својство“ се заменуваат со зборот: „регистриран“.
Член 2
Во член 3 ставот (1) зборовите: „вработи или договорно да ги“ се бришат.
По ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5) кои гласат:
“(4) Доказите за исполнување на условите за полагање на испитот за агент треба да бидат скенирани или потпишани со електронски потпис, читливи и на македонски јазик или преведени од овластен судски преведувач. Како докази дека кандидатот ги исполнува условите, друштвото ги доставува следните документи:
а) документ за завршено најмалку средно образование: диплома, уверение свидетелство или потврда за завршено образование
б) лична карта или пасош издадени од надлежен орган во Република Северна Македонија и
в) дополнителни документи доколку во документот за завршено образование не може да се утврди идентитетот на кандидатот преку матичен број или датум на раѓање.
(5) Службеното лице од Агенцијата кое ја води постапката е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето по службена должност да ги побара доказите за исполнетост на условите: да е државјанин на Република Северна Македонија и со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната.“
Член 3
Во член 4 ставот (1) втората реченица се брише.
Ставот (3) се менува и гласи: “Испитот се одржува во текот на месеците од став (1) на овој член, според распоредот утврден од Агенцијата кој таа го доставува до пензиско друштво. Пред секој испит, најмалку 15 дена пред рокот од став (2) на овој член, Агенцијата го известува секое пензиско друштво за датумите за полагање.“
Член 4
Во член 5 ставот (3) по зборот: „полагаат“ се додаваат зборовите: “преку увид во личната карта или пасошот“.
Член 5
Во член 9 ставот (1) се менува и гласи:
„Пензиското друштво, до Агенцијата, доставува барање за запишување во Регистарот на агенти за лицата кои го положиле испитот заедно со договор за ангажирање на кандидатот како агент. Во барањето пензиското друштво доставува податоци дали лицето кое го положило испитот побарало да добие двојазично Уверение за регистриран агент на македонски и албански јазик пропишано на Образец бр. 4 кој е составен дел на овој правилник.
Во ставот (2) втората реченица се менува и гласи:
„Секое лице запишано во Регистарот на агенти добива уверение за регистриран агент дадено на Образец бр. 2 кој е составен дел на овој правилник, во рок од 5 работни дена од поднесување на барањето за запишување во Регистарот на агенти.“
Член 6
Членовите 10 и 11 се бришат.
Член 7
Обрасците 2 и 4 се менуваат и гласат:
Член 8
Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија.
Бр. 01-1721/8                                            Претседател
4 декември 2023 година              на Советот на експерти,
Скопје                                                      Максуд Али, с.р.