„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за начинот на пресметување и висината на трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка

15.11.2023

Врз основа на член 30 став 3 од Законот за санитарната и здравствената инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 139/08, 88/10, 18/11, 53/11, 164/13, 43/14, 144/14, 51/15, 150/15, 37/16 и 83/18), министерот за здравство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ВО ПОСТАПКИТЕ ПОВЕДЕНИ ПО БАРАЊЕ НА СТРАНКА
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот на пресметување и висината на трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка.
Член 2
Висината на трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка во областа на санитарно-хигиенската заштита и епидемиолошката заштита во однос на исполнување на условите за вршење на дејност согласно со посебни прописи во објекти од надлежност на санитарната и здравствената инспекција, е во износ од:
- 50 евра во денарска противвредност за физички лица и микро правни лица,
- 100 евра во денарска противвредност за мали правни лица,
- 150 евра во денарска противвредност за средни правни лица,
- 200 евра во денарска противвредност за големи правни лица.
Висината на трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка во областа на санитарно-хигиенската заштита и епидемиолошката заштита во постапките за ексхумација и пренос на умрено лице, се во износ од:
- 50 евра во денарска проитиввредност по барање за пренос на починато лице,
- 75 евра во денарска противвредност по барање за ексхумација и пренос на умрено лице.
Висината на трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка во областа на санитарно-хигиенската заштита и епидемиолошката заштита над безбедноста на предметите за општа употреба, детски играчки, средства за одржување на чистотата, козметички производи, супстанции за производство и амбалажата за тие производи при увоз, е во износ од:
- 50 евра во денарска противвредност за физички лица и микро правни лица,
- 60 евра во денарска противвредност за мали правни лица,
- 70 евра во денарска противвредност за средни правни лица,
- 80 евра во денарска противвредност за големи правни лица.
Член 3
Висината на трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка во областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, е во износ од:
- 100 евра во денарска противвредностпо барање за проверка на боледување по вработен доставено од правно лице,
150 евра во денарска противвредност по барање за проверка на медицинска документација по осигуреник од осигурителна компанија.
Член 4
Висината на трошоците од членовите 2 и 3 од овој правилник, за инспекцискиот надзор кој трае подолго од два часа, за секој нареден поминат час на работа се пресметува износ од 30 евра во денарска противвредност според курсот на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на конечното пресметување на трошоците, пришто секој започнат час се смета како цел час.
Член 5
Со денот на влегувањето на сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за пресметувањето на висината на трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 1/07).
Член 6
Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 17-9179/1
9 ноември 2023 година  Министер за здравство,
Скопје                                д-р Fatmir Mexhiti, с.р.