Националниот пропис е со висок степен на усогласеност. Одредени одредби не се транспонирани од причина што се однесуваат само на земјите – членки и ќе бидат транспонирани по пристапувањето на РСМ во ЕУ. Одредени одредби ќе бидат транспонирани со донесување подзаконски акти кои се предвидени во предлог – законот. Одредени одредби кои не се усогласени со регулативите ќе бидат усогласени со измена на законот во понапредна фаза од процесот на пристапување кон ЕУ како дел од преговорите за членство а некои одредби треба да се транспонираат во подзаконските акти.
Предлог законот е делумно усогласен со:
1. Регулативата 2023/1115 на Европскиот Парламент и на Советот од 31 Мај 2023 година за ставање на располагање на пазарот на Унијата и извозот од Унијата на одредени стоки и производи поврзани со уништување на шумите и деградација на шумите и укинување на Регулативата (ЕУ) бр. 995/2010 и
2. Регулатива (ЕУ) 2018/841 на Европскиот парламент и на Советот од 30 мај 2018 година за вклучување на емисиите на стакленички гасови и отстранување од користење на земјиштето, промена на употребата на земјиштето и шумарство во климатската и енергетската рамка од 2030 година, и изменување и дополнување на Регулативата (ЕУ ) бр. 525/2013 и Одлука бр. 529/2013/ЕУ.