„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.209 од 05.10.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните

09.10.2023

З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКО- НОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕТО И ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕТО НА ГРАЃАНИТЕ
 
Член 1
Во Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните („Службен весник на Република Македонија” број 36/1992, 12/1993, 43/2000, 66/2007, 51/11, 152/15 и 55/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 302/20 и 67/22), членот 2 се менува и гласи:
„Живеалиште е место и адреса во Република Север- на Македонија каде што граѓанинот живее, односно се населил со намера постојано да живее заради оствару- вање права и обврски од семeјниот, професионалниот, економскиот, социјалниот, културниот живот, како и остварување слични интереси.
Престојувалиште е место и адреса во Република Се- верна Македонија во кое граѓанинот привремено прес- тојува поради одредени причини, без да има намера по- стојано да живее.
Место е градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, општината, односно градот и селото во состав на општината.
Адреса е улица или булевар и куќен број или друг инфраструктурен објект (плоштад и слично).
Бездомник е лице кое нема живеалиште и личен документ за идентификација издаден од надлежен ор- ган во Република Северна Македонија.“.
Член 2
Во член 3 ставот 1 се менува и гласи:
„При промена на живеалиштето, по донесување на новoто решение за пријавување живеалиште, на граѓа- нинот му се одјавува претходното живеалиште.“.
По ставот 4 се додаваат два нови става 5 и 6, кои гласат:
„Граѓанин кој подолг временски период е сместен во социјална, односно здравствена установа, може да пријави живеалиште на адреса на социјалната, односно на здравствената установа.
Бездомник може да пријави живеалиште на адреса на Центарот за социјална работа, или на адреса на фи- зичко лице кое се согласило бездомникот да пријави живеалиште на неговата адреса.“.