„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија, по скратена постапка

23.08.2023

Цели, начела и основни решенија на Предлог на законот:
Основната цел на измените и дополнувањата во Законот за Развојната банка на Северна Македонија е поддршка на развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност, потребно е да се организира Фонд за енергетска ефиксасност како посебна организациона единица во Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ). Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон. Основни решенија на предлогот на закон се: - Воспоставување на Фондот за енергетска ефиксасност како посебна организациона единица во РБСМ, - Уредување на надлежностите на Фондот - одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови од расположливите средства на Фондот, - Зголемување на финасирањето на проекти за енергетска ефикасност, - Зголемување на енергетската ефикасност преку намалување на нивоата на производство, пренос и потрошувачка на енергија.