„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог Закон за попис на земјоделството во Република Северна Македонија, 2024

20.07.2023

Согласно Законот за државната статистика, Пописот на населението, домаќинствата и становите и Пописот на земјоделството претставуваат најсложени и најмасовни статистички истражувања. Во спроведување на Пописот учествуваат голем број на учесници, односно министерства, државни органи и други јавни институции, единиците на локалната самоуправа, но и поголем број на реонски попишувачии членови на комисии на пописни реони и други учесници. Заради регулирање на целокупната постапка на спроведување на пописот, изборот на попишувачите и членовите на КПР , како и утврдување на обврските на поголем број на јавни институции неопходно е да се донесе посебен закон.