„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за семејна и станбена поддршка

26.10.2026

 Предлагачи се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на овој закон е државна интервенција во однос на решавање на социјалните, економските и демографски проблеми на државата, со преземање на активна улога во решавање на прашањето за домување, во функција на јавно добро и долгорочна одржливост на населението, со главен фокус на воспоставување на јасен, предвидлив и долгорочен механизам на државна поддршка за лицата и семејствата кои го решаваат своето станбено прашање преку станбен кредит, а во текот на отплатата добиваат дете или посвојуваат дете.