„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија

09.06.2026

 2. Цели на предлог регулативата

 

Решенијата содржани во предложените изменувања имаат за цел содржинско допрецизирање на одредби од Законот за државјанството на Република Северна Македонија, со што ќе се овозможи нивна соодветна практична имплементација.

Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи содржинско и нормативно-правно допрецизирање на законските решенија во правец на нивно унапредување и усогласување со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2024 година – Во однос на Политички критериуми и Поглавје 24-Правда, слобода и безбедност и Поглавје 23 во делот на Фундаментални права.

Во тоа се состојат и придобивките од предложените решенија, како соодветно и прецизно нормирање на законските решенија за предметните прашања, што би овозможило доследна практична имплементација на предметните одредби од Законот за државјанството на Република Северна Македонија.