„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2023 ГОДИНА

07.04.2023

Врз основа на член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22) и член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21 и 123/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 март 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА
РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2023 ГОДИНА
I
Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/23) во делот VII став
(1) во алинејата 6 зборовите „ ,како и набавка на опрема во пчеларството“ се бришат.
По алинејата 6 се додава нова алинеја 7 која гласи:
„- набавка на опрема во пчеларството;“.
По алинејата 9 се додава нова алинеја 10 која гласи:
„ набавка на машини за разбивање на мраз;“.
Во алинејата 13 по зборовите „приклучна механизација“ се додаваат зборовите „хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство“.
По ставот (7) се додава нов став (8) кој гласи:
„(8) За реализација на мерката од ставот (1) алинеи 1, 2, 3, 8, 9 и 11 на овој дел, Агенцијата објавува отворени јавни повици за поднесување на барања за финансиска поддршка до 15 јули 2023 година.“.
Ставот (8) кој станува став (9) се менува и гласи:
„За реализација на мерката од ставот (1) алинеи 7, 10, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 на овој дел, Агенцијата објавува отворени јавни повици за поднесување на барања за финансиска поддршка до 30 ноември 2023 година.“.
Во ставот (9) кој станува став (10) зборовите „ставот (8)“ се заменуваат со зборовите „ставот (9)“.
Ставот (10) се брише.
Во ставот (11) зборовите „алинеја 11“ се заменуваат со зборовите „алинеја 13“.
II
Во делот XXI по ставот (6) се додава нов став (7) кој гласи:
„(7) Дел од средствата од ставот (6) на овој дел во износ од 600.000 денари се наменети за спроведување на започнати постапки и неподмирени обврски за потточка 1.3 „Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.“.
Ставовите (7), (8), (9), (10), (11) и (12) стануваат ставови (8), (9), (10), (11), (12) и (13).
III
Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3370/3                                                                                Прв заменик на претседателот
29март 2023 година                                                             на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                      д-р Artan Grubi, с.р.