„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ОДРЕДЕНИ СТОКИ ВО КОМБИНИРАНАТА НОМЕНКЛАТУРА СОГЛАСНО СО РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА

07.04.2023

Врз основа на член 5 став (4) од Законот за Царинската тарифа („Службен весник на Република Македо- нија“ бр. 23/03, 69/04, 10/08, 160/08, 35/10, 11/12, 93/13, 44/15, 81/15 и 192/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19 и 39/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 март 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ОДРЕДЕНИ СТОКИ
ВО КОМБИНИРАНАТА НОМЕНКЛАТУРА СОГЛАСНО СО РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА
Член 1
Во Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулати- вите на Европската комисија(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 222/20, 281/20, 4/21, 53/21, 135/21, 197/21, 292/21, 78/22, 188/22, 218/22 и 25/23), во членот 1 во ставот (2) по бројот „481“ сврзникот „и“ се заменува со запирка, а по Прилогот 482, се додаваат три нови Прилози 483, 484 и 485 кои се составен дел на оваа уредба.
Член 2
Прилогот 267 се брише.
Член 3
Оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Север- на Македонија“.
Бр. 41-3025/5
29 март 2023 година
Скопје
Прв заменик на претседателот
на Владата на Република
Северна Македонија,

д-р Artan Grubi, с.р.

1 Со оваа уредба се врши усогласување со Регулативите на Комисијата на ЕУ за распоредување на одредени стоки во Комбинирана- та номенклатура, CELEX бр. 32022R2076, CELEX бр. 32022R2259 CELEX бр. 32022R2260 и CELEX бр. 32023R0002.


Опис на стоката

Согласно регулатива (ЕК) бр. 2076/2022
Распоредување (Tap. ознака)
Основ за распоредување
(1)
(2)
(3)
Производ кој се состои од различни изолирани жици од бакар, споени заедно во сноп, специјално дизајниран за инсталирање на фиксен уред со екран чувствителен на допир, гласовно управуван, без користење на раце (наведен како комплет за автомобил) во моторно возило.
Производот вклучува два осигурувачи и различни конектори, вклучувајќи и кабелски спојници. Точниот состав на производот (бројот на жици и специфични конектори) зависи од специфичниот модел на моторното возило).
По вградување, производот ги поврзува постоечкиот кабловски радио систем на возилото со комплетот за автомобил (кој овозможува работа на мобилниот телефон поврзан преку технологија на Bluetooth).
Ова овозможува трансмисија на електричните сигнали од комплетот за автомобил до радио системот на возилото (како и исклучување на другите звуци за време на телефонските повици) и обезбедува напојување.
8544 30 00
Распоредувањето е утврдено со Основните травила 1 ибза примена на Номенклатурата на Царинската тарифа, и наименуванијата на гар. број 8544 и тар. подброј 8544 30 00.
Производот се состои од спроводници од гар. број 8544 подготвени како сет (види Коментар на Хармонизиран систем за тар. број 8544, осми параграф, последна зеченица).
Производот е исто така специјално цизајниран за инсталирање во моторно зозило за меѓусебо поврзување на различни апарати во моторното возило и за да се спроведе електрична струја и електрични сигнали.
Оттука, производот ги има објективните характеристики на „други комплети спроводници од вид кој се користат во моторни возила" одтар. подброј 8544 30 00. Распоредување вотар подброј 8544 42 како „други електрични спроводници, за напон toj не надминува 1000 V, опремени со хонектори" е исклучено.
Оттука, производот се распоредува во тар. тодброј 8544 30 00 како други сетови од хабли од вид кој се употребуваат во моторни зозила, воздухоплови или бродови.
Прилог 484
Опис на стоката
Согласно регулатива (ЕК) бр. 2259/2022
Распоредување
(Tap. ознака)
Основ за распоредување
Пластичен прстен со надворешен дијаметар од приближно 4 см и внатрешен дијаметар од околу 2 см. Прстенот има два мали отвора на надворешната и внатрешната страна. Содржи лента од неткаен текстил импрегнирана во миризливи супстанции.
Производот се поставува на грлото од шишето за пиење за да се ароматизира воздухот кој се вдишува при пиење на вода од шишето. Мирисот на ароматизираниот воздух се чувствува по ретроназален пат (т.е. од усната шуплина), на тој начин на консументот му дава чувство на консумирање на ароматизиран пијалок.
Производот е достапен во различни мирисни ноти и спакуван за малопродажба во вреќички од алуминиуллска коллпозитна фолија како производ за ароматизација.
3307 90 00
Распоредувањето е утврдено со Основните правила 1 и 6 за примена на Номенклатурата на Царинската тарифа, Забелешка 4 од Глава 33 и наименуванијата на тар.број 3307 и тар. подброј 3307 90 00.
Производот не се употребува како суровина во индустрија, ниту како препарат од вид за производство на пијалоци. Производот не додава арома на течноста и затоа не му дава мирис на самиот пијалок. Оттука распоредување во тар. број 3302 е исклучено.
Производот е наменет за ароматизирање на воздухот, кој се вдишува при пиење на вода од шишето. Содржи лента од неткаен текстил импрегнирана во парфимиран препарат согласно забелешка 4 од Глава 33 (види и Коментар на ХС за тар. број 3307, точка (V) (5).
Оттука                      производот                         се
распоредува во тар. подброј 3307    90                      00 како други
парфимирани производи на друго место неспомнати ниту опфатени.

 

(*) Фотографијата е само од информативен карактер