„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
17.04.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Цел на Предлогот на закон е да се овозможи понатамошна поддршка на производствените дејности со обезбедување на дополнителна работна сила, како и поттикнување на младите луѓе да се вработуваат во овие дејности. Имено, досегашната примена на Законот за младински додаток укажува на тоа дека со истиот се овозможи еден вид на поддршка на домашното стопанство, кое се сочува со недостиг на работна сила. Дополнително влијанието на економската криза во стопанството предизвика негативни последици и потребата од примена на досегашното законско решение се покажа како важно во овој период заради што и се предлага донесувањето на овој закон чија примена ќе важи до крајот на 2028 година.