„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за данокот на добивка

23.02.2026

 Предлагач се група пратеници.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ Предлог законот ги има истите цели и начела кои се предвидени во постојниот закон, дополнително овозможува поволна фискална средина за малите и средните претпријатија, кои играат клучна улога во економскиот развој, создава можност за отварање на нови работни места, ја зголемува економската активност преку поттикнување на инвестиции и раст на бизнисите, што би довело до зголемување на националниот доход и подобрување на животниот стандард и овие услови оставаат простор за зголемена конкурентност на домашните бизниси на пазарот, како и поттикнување на странски инвестиции.