„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.12.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со донесување и примена на Предлогот на закон се очекува да се постигнат следните цели: -побрзо воспоставување и функционирање на системот за проценка преку задржување на досегашната институционална поставеност кај проценките на одредени категории лица со попреченост, -вршење на проценка на попреченост врз основа на национална методологија, која ќе ја предлагаат две ресорни министерства и ќе ја носи Владата на Република Северна Македонија и која се заснова на меѓународни документи во областа и ќе опфаќа различни аспекти, -обезбедување пристапност во процесите на лиценцирање на стручни лица и сертифицирање на обучувачи за лицата со попреченост и -зголемување на бројот на стручни лица кои вршат проценки преку овозможување лицата кои поминале стручна обука и полагале испит организирани од Министерството за социјална политика, демографија и млади а пред започнувањето со примената на законот да се стекнат со лиценца за стручно лице по сила на закон, како и преку овозможување обучувачите да вршат проценка на попреченост. Покрај начелата на кој се заснова основниот текст на законот, со овој предлог закон се додаваат и следните начела: -обезбедување на пристапност и соодветно приспособување во сите фази на постапката, -обезбедување на активно учество и информирана согласност на лицето со попреченост, вклучително и право на придружник и -отчетност и транспарентност на вклучените органи и стручните лица кои вршат проценка на попреченост.