„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
24.12.2025
Предлагач се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е намалување на висината на стапката на придонесот за здравствено осигурување која се плаќа за корисниците на домашна пензија како и усогласување со Законот за работно ангажирање на лица, односно обезбедување на негова ефикасна примена во пракса во законски предвидениот рок. Со Законот се предлагаат следните решенија: - намалување на стапката на придонесот за задолжително здравствено осигурување за обврзникот кој е корисник на пензија (од 13% на 11.8%) и - усогласување со одредбите од Законот за работно ангажирање на лица. Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.