„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
24.12.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување се заснова на истите цели и начела како и Законот за регистар на задолжително социјално осигурување, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 209/23. Целта е да се воспостави единствен регистарски систем на управување и евиденција на сите податоци поврзани со системот на задолжително социјално осигурување, со што ќе се придонесе за ефикасно остварување на правата и обврските кои произлегуваат од задолжителното социјално осигурување. Начелата за водење на регистарот се: законитост, доверливост, достапност, ефикасност, независност и отчетност.